ВИДЕО: Украина тврди дека руската авијација нападнала цели на западот на земјата

Од:

Според информациите кои доаѓаат од украинска страна, руската авијација со ракети воздух-земја ги нападнала целите во западна Украина. Најмалку шест бомбардери со долг дострел Тупољев Ту-95 користеле ракети воздух-земја против цели во Луцк и Ивано-Франковск, соопшти Украина.

Според медиумите, во Луцк е погодена фабрика за поправка на мотори на борбени авиони, а нападнат е и централниот украински град Днипро.

Украинските воздухопловни сили објавија дека извршиле околу 10 мисии со борбени авиони МиГ-29 и Су-27, вклучително и напад врз непријателски авиони.

Ниту една информација не може да се потврди од независни извори во моментов. Украинските власти тврдат дека во рускиот напад на воениот аеродром во Василков, јужно од Киев, во текот на ноќта биле погодени складиште за муниција и складиште за гориво.

Аеродромот е целосно уништен. Според украинските власти, северниот град Чернихив, кој Русите го напаѓаат со денови, главно е без струја, вода, греење и гас.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски