Пентагон: Русија ги ангажира сите сили во Украина, но нема голем напредок

Од:

Според најновата проценка на Пентагон, Русија за инвазијата врз Украина ангажирала речиси сто проценти од армијата односно околу 127 тактички баталјони.

Руската армија досега лансирала повеќе од 625 проектили, пред се ракети земја – воздух со краток и среден дострел и крстосувачки проектили.

Претставници на Пентагон наведуваат дека сè уште нема знаци дека белоруски војници се во Украина, но во меѓувреме Русија се обидува да регрутира странски борци, посебно од Сирија, но се уште нема индикации дека тие пристигнале во Украина.

Исто така Пентагон соопшти дека офанзивата врз Киев се уште е во застој.

– Не гледаме голем напредок, изјави неименуван претставник на Пентагон, потенцирајќи оти тоа се должи на комбинација од жесток украински отпор и „внатрешните предизвици“ на руските сили.

Тој додаде дека „руските трупи напредуваат на југ, а Владимир Путин сè уште има многу поголема борбена моќ на располагање“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица