Пекинг бара безбедност на биолабораториите во Украина како и објаснување од САД

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работа денеска ги повика сите страни да ја гарантирааат безбедноста на 26-те биолаборатории во Украина, како и од САД да објават поединости поврзани со прашањето.

„Уште еднаш ја повикуваме американската страна да ги разјасни своите активности по прашањето за биолошка милитаризација во земјата и странство, изјави Жао Лијиан, портпаролот на кинеското МНР.

Забелешките на Пекинг доаѓаат откако руското Министерство за одбрана во неделата соопшти дека поседува докази за разработување биолошко оружје во лабаратории во Украина финансирани од САД.

Лијиан истакна дека случајот со биолабараториите во Украина се работи само „врв од санта мраз“ бидејќи според кинеските сознанија САД контролираат 335 биолошки лаборатории во 30 држави низ светот.

Што се однесува на состојбата во Украина, Лијиан истакна дека со својата политика на ширење кон исток САД ставиле огромно дрво во пожарот на украинската криза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад