„Волстрит џурнал“: Русија регрутира сириски, искусни борци, тврдат официјални лица од САД

Од:

Русија регрутира сириски борци, искусни во урбана борба, додека го засилува својот напад врз Украина, тврдат официјални лица од САД, цитирани од Волстрит Џурнал.

Москва изврши инвазија на 24 февруари, а овие денови регрутира лица од Сирија, надевајќи се дека со нивна помош, ќе се заземе Киев, појаснуваат четири извори на американскиот весник.

Русија во 2015 година се приклучи во сириската граѓанска војна, на страната на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Според еден од изворите, дел од борците се веќе во Русија и се подготвуваат за во Украина. Не е познато колку лица се регрутирани, а изворите не даваат повеќе детали.

Борци од странство веќе се приклучија на конфликтот во Украина, од двете страни.

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров – претходен бунтовник, кој стана сојузник на Кремљ – сподели видеа од чеченски борци, кои се приклучуваат на нападот врз Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба информираше дека 20.000 волонтери од странство, допатувале во земјата, со цел да им се придружат на силите на Киев.

Рускиот напад, што влегува во својот дванаесеттиот ден, предизвика земјата да ја напштат повеќе од 1.5 милиони луѓе. ОН ова го нарекоа најбрзо растечка бегалска криза во Европа, од Втората светска војна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија