ОН: Итно се потребни безбедни премини за спасување на луѓето во Украина

Од:

Стотици илјади луѓе во Украина се отсечени од помошта за спасување животи поради воената опсада на градовите, се наведува во денешниот извештај на ОН, кој итно повикува на безбедно минување.

Се прават обиди во моментот за воспоставување хуманитарни коридори по дводневниот неуспешен прекин на огнот.

„Итно се потребни сигурни и предвидливи ‘безбедни премини’ за да се преселат луѓето чии животи се загрозени и да се обезбеди спасувачка хуманитарна помош“, се вели во извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦА).

Според соопштението на ОЦА, агенциите на ОН, хуманитарните партнери и украинската Влада ги интензивираат хуманитарните активности во земјата, но, како што се наведува, не можат да стигнат до оние на кои помошта им е најпотребна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски