Марк Мили го набљудуваше снабдувањето со оружје на Украина

Од:

Началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили посети аеродром на границата со Украина, што стана центар за снабдување на таа држава со оружје, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на висок функционер од американското Министерство за одбрана.

Според Си-Ен-Ен, Мили лично ја набљудувал испораката на оружјето, откако претходно се сретнал со војската и се запознал со процесот на транспортирање на оружјето.

Во извештајот се додава дека локацијата на овој аеродром останува тајна за да се заштитат пратките со оружје, вклучително и противтенковски ракети.

Се наведува, исто така, дека руската армија не се обидела да го спречи овој трансфер на оружје, но постои одредена загриженост дека таквите испораки би можеле да бидат нападнати од Русија „како што напредува нејзината офанзива“.

Командата на европските специјални сили (EUCOM) е првенствено одговорна за операцијата за масовна испорака на оружје, користејќи ги своите врски со сојузниците и партнерите за „координација во реално време“ и испраќање материјали во Украина, наведе друг претставник на американското Министерство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија