Велика Британија го замрзна имотот на Абрамович и на Челси

Од:

Владата на Велика Британија го санкционираше рускиот олигарх Роман Абрамович, замрзнувајќи го неговиот имот, вклучително и имотот на Челси.

Во денешното соопштение, владата нагласи дека на Абрамович му се „замрзнати средствата, има забрана за трансакции со поединци и бизниси во Велика Британија, како и забрана за патување“. Абрамович е меѓу седумте олигарси и политичари кои ќе бидат додадени на листата на санкции на Лондон.

Се проценува дека санкциите се во вредност од близу 20 милијарди долари (15 милијарди фунти). На списокот со санкции се додаваат уште седум олигарси и политичари:

Роман Абрамович, сопственик на Челзи и има удел во челичниот гигант Евраз и Норилск Никел

Олег Дерипаска, кој има удели во En+ Group

Игор Сечин, извршен директор на Роснефт

Андреј Костин, претседател на VTB банка

Алексеј Милер, извршен директор на енергетската компанија Гаспром

Николај Токарев, претседател на руската државна компанија за гасоводи Трансњефт

Дмитриј Лебедев, претседател на одборот на директори на Банката Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков