Во Русија во еден ден приведени над 5.000 лица, кои протестираа против нападот на Путин врз Украина

Од:

Русија приведе над 5.000 лица, кои протестираа против руската инвазија врз Украина, во десетици градови во текот на вчерашниот ден.

Според официјални информации, на ОВД-Инфо од следење на апсења за време на протести, полицијата приведе, најмалку, 5.016 луѓе во 60 градови, на антивоени приговори.

Како што јавуваат медиумите, станува збор за невиден број на апсења во еден ден. Далеку повисок број, од апсењата за време на бранот протести, што се одржаа во земјата минатата година, кога опозицискиот лидер Алексеј Навални беше затворен.

Навални ги повика Русите да протестираат против војната, во апел од неговата затворска ќелија.

Демонстрантите, со излегување на улица, ризикуваат да бидат осудени на затворска казна.

Официјални документи покажуваат дека 2.394 лица се уапсени во Москва.

Во Санкт Петербург пак, приведени се, најмалку, 1.253 демонстранти.

Протести имаше и во помали градови во руски региони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он