Радев предложи да се одржи средба во Бугарија меѓу претседателите на Украина и на Русија

Од:

Бугарија има причина да претендира дека е место на преговори меѓу претседателите на Украина и Русија, но тоа мора да биде во координација со Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој смета дека е логично да има средба меѓу претседателите на Украина и Русија.

„Не случајно реков дека Русија може да победи во оваа војна, но не може да победи мир, мир со агресија не може да се добие. Оваа жестокост ќе има долгорочни последици“, додаде тој. Радев инсистираше на изградба на единствен национален систем за управување со кризи кој функционира и вклучува јасно дефинирани заложби и на институциите во Бугарија и на нејзините граѓани, јави дописникот на МИА. Радев ја оцени како неуспешна одлуката на Москва да ја вклучи Бугарија на списокот на непријателски земји.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам