Украина тврди дека Русија сака целосна контрола врз нуклеарната централа Запорожје

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти синоќа дека била информирана од украинскиот нуклеарен регулатор Енергоатом дека Русија планира да преземе целосна и трајна контрола врз нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.

Според Енергоатом, Русија планира со нуклеарната централа да раководи руската државна нуклеарна компанија Росатом.

Украина, исто така, обвини дека вработените во нуклеарната централа Запорожје се принудени „да се координираат со руските сили за сите оперативни прашања, вклучително и техничките прашања“ и дека „руски експерти пристигнале на локацијата пред неколку дена за да ја проценат ситуацијата со радијацијата таму“.

Енергоатом, тврди дека „211 технички персонал и чувари не ја напуштиле нуклеарната централа Запорожје откако истата беше заземена од руските сили.

МААЕ, исто така, посочи дека е информирана дека Енергоатом работи на поправка на оштетените далноводи во нуклеарната централа во Чернобил и дека дизел генераторите обезбедуваат резервна енергија на системите релевантни за безбедноста.

Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа на 4 март по битката битка со украинските војници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски