Украинска ИТ компанија го напушти Нови Сад затоа што Србија не воведе санкции кон Путин

Од:

Незадоволна од односот на српските власти кон руската агресија во Украина, украинската ИТ компанија „Интелиас“ го пресели својот бизнис од Нови Сад во Хрватска, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во овие тешки моменти не чувствуваме соодветна поддршка за Украина од српските власти, па „Интелиас“ одлучи да го пресели својот развоен центар во Хрватска. Новата канцеларија на компанијата ќе биде лоцирана во Загреб, соопштија официјално од оваа ИТ компанија која вработува над 2.500 ИТ експерти.

Тие посочуваат дека ја избрале Хрватска „поради нејзината доследна проукраинска позиција, пружањето помош на украинската војска и заштитата на бегалците, како и заради поддршката на Хрватска за итен прием на Украина во ЕУ и затворање на небото за руските воздухопловни сили.

-За нас е многу важно како другите земји реагираат на настаните во Украина каде што се наоѓаат нашите развојни центри. Гледаме дека хрватското политичко раководство активно ја поддржува Украина во војната и обезбедува засолниште за бегалците. Хрватски волонтери отидоа во Украина за да и помогнат на нашата војска. Поради сето ова, донесовме итна одлука да ја преселиме канцеларијата на „Интелиас“ во Загреб, изјави Виталиј Седлер, извршен директор и ко-основач на Интелиас .

Интелиас е глобален технолошки партнер кој работи во 25 земји ширум светот и вработува над 2.500 професионалци, вклучително и ИТ експерти од Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада