Австралија: Кина мора да се приклучи на глобалната акција против руската инвазија

Од:

Австралискиот премиер Скот Морисон ја повика Кина да се приклучи на глобалните напори за ставање крај на руската инвазија на Украина, бидејќи смета дека не постои земја што ќе има поголемо влијание од Кина врз крајот на војната во Источна Европа.

Морисон во својот говор посочи дека руската инвазија не се одвива според планот на нејзиниот лидер Владимир Путин, за кого смета дека „го преценил капацитетот за спроведување на оваа незаконска војна“.

– Кина долго време тврдеше дека една од најголемите светски сили треба да придонесе за глобалниот мир и стабилност. Нема земја која ќе има поголемо влијание од Кина врз завршувањето на оваа ужасна војна во Украина, истакна Морисон во говорот во Институтот Лови во Сиднеј.

Морисон, чија влада се судри со најголемиот извозен трговски партнер поради низа прашања, нагласи дека е зачуден од воздржаноста на Кина.

– Го слушав гласот на кинеската Влада кога станува збор за осуда на руските дејствија и постоеше застрашувачка тишина, изјави австралискиот премиер.

Кина одби рускиот напад врз Украина да го нарече инвазија, додека од западните земји побара да ги почитуваат руските „легитимни безбедносни грижи“. Таа повика да се стави крај на кризата по пат на преговори.

Русија ја нарекува инвазијата, која започна на 24 февруари, „специјална воена операција“, а Морисон ја опишува како „грубо кршење на меѓународното право“ и „најнов пример на авторитарен режим кој се обидува да го оспори статус квото со закани и насилство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина