ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

Од:

Рано утрово се урна дел од автопатот во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, соопштија локалните власти.

Осумнаесет автомобили паднаа по падина откако се урна дел од автопатот, соопштија властите во градот Меиџоу во провинцијата Гуангдонг. Инцидентот се случил околу 02:00 часот. Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека слушнале силна бучава и виделе дупка отворена неколку метри зад нив, откако оделе дел од патот непосредно пред да се урне.

Спасувачите превезоа 30 лица во болница, објави државната телевизија CCTV.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Најмалку 16 загинати во пожар во трговски центар во Кина

(ВИДЕО) Шестмина загинати во пожар во трговски центар во Кина

Горан Наумовски

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина: Самитот на НАТО е полн со воинствена реторика, провокации и лаги