Кулеба: Русија користи слични тактики во Украина како во Сирија

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави дека Русија користи слични тактики во Украина како во Сирија и дека Мариупол е опколен, но се уште е под украинска контрола, пренесува Ројтерс.

Кулеба, исто така, рече дека Русија се обидела да изгради логистичка база во близина на Чернобил.

Тој рече дека иако Русија и Украина разговараат и остануваат отворени за дипломатија, Русија сè уште поставува барања кои се неприфатливи.

„Украина е подготвена да преговара, но нема да се предаде“, рече тој.

Кулеба рече дека на Украина и е потребна помош во истрагата и гонењето на можни воени злосторства и дека е потребно да се направи повеќе за потешко да се погоди руската економија. Тој додаде дека повеќе цивилни животи би биле спасени доколку Украина имала повеќе авиони.

Тој рече дека верува оти Белорусија не е подготвена да испрати војници во Украина, и покрај притисокот од Русија.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море