Русија најави брз, жесток и болен одговор на западните санкции

Од:

Русија предупреди дека работи на голем и жесток одговор на западните санкции, за кој тврди дека ќе биде брзе и ќе се почувствува во „најделикатните области“, пренесува Ројтерс.

„Реакцијата на Русија ќе биде брза, промислена и болна за оние за кои е наменета“, рече Дмитриј Биричевски, директор на Одделот за економска соработка во Министерството за надворешни работи, според новинската агенција РИА.

„Соочена со притисокот на санкциите, Русија прави значителни напори за поддршка на економијата“, рече Биричевски.

„Конкретно, зборуваме за: намалување на употребата на доларот и во домашните девизни резерви и во надворешните порамнувања, пренасочување на вниманието кон пазарите на капитал кои се алтернатива на западните, обезбедување сигурни канали за пренос на финансиски информации – зголемување на учеството на меѓусебните плаќања во национални валути, воспоставување директни меѓубанкарски коресподентски односи со главните трговски партнери.

Руската економија постои речиси трајно во услови на зголемени санкции. Поаѓаме од фактот дека домашниот пазар и надворешните економски односи на земјата постепено се прилагодуваат на променливите околности. Ја имаме потребната маргина на безбедност за да спроведеме соодветна трансформација на моделот на економски развој и прилагодување на финансиската политика“, рече тој.

По санкциите на Западот поради инвазијата врз Украина, кои го погодија најголемиот дел од рускиот финансиски и корпоративен сектор, руската економија се соочува со најголемата криза од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера воведе забрана за увоз на руска нафта и други извори на енергија поради руската инвазија врз Украина.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски