Ватикан на руската Влада и изразил загриженост поради војната во Украина

Од:

Државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин вчера телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Паролин ја изразил длабоката загриженост на папата Франциск за војната во Украина и потсетил на повикот на папата во неделата да се запрат нападите и да се гарантираат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека двете страни изразиле надеж оти наскоро ќе се одржи нова рунда разговори меѓу Москва и Киев за да се решат клучните прашања и да се стави крај на борбите, пренесе Интерфакс. Посебно внимание било посветено на хуманитарните прашања како што се заштитата на цивилите и хуманитарните коридори за бегалците, соопштило Министерството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни