Руте: Холандија не е подготвена да се откаже од руските извори на енергија

Од:

Холандија сè уште не е подготвена да се откаже од нафтата и гасот од Русија, но ќе работи на транзицијата на земјата кон зелена економија, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

Денеска треба да разговараме и за нашата ранливост во однос на зависност од руските испораки на нафта и гас. Не би повикал да се откажеме од нив, ни требаат, ова е непријатна вистина, но можеме да направиме повеќе за да постигнеме напредок за еколошката програма и намалувањето на емисиите на јаглерод што ги произведува нашата економија, посочи Руте.

Тој претходно изјави дека поради војната во Украина изминатите денови значително пораснаа цените на енергијата и на горивата и оти холандската Владата сè уште размислува за мерки за минимизирање на последиците за граѓаните.

– Но, практично е незамисливо да се спречи опаѓање на куповната моќ на домаќинствата оваа година, да се дадат гаранции би било илузорно, наведе Руте.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов