Бајден ќе објави за отповикување на статусот „најповластена нација“ што Русија го ужива во меѓународната трговија

Од:

Американскиот претседател, Џо Бајден, најави дека САД заедно со државите од Г-7 групата и членките на ЕУ ќе покренат иницијатива за отповикување на трговскиот статус „најповластена нација“ на Русија, поради нејзината инвазија врз Украина.

Државите се очекува поедично да ја спроведат мерката, додека за САД за такво нешто одлука ќе треба да донесе Конгресот.

„Најповластена нација“ (MFN) е меѓународен трговски статус што една држава го доделува на друга, а значи дека земјата примател номинално со статусот добива трговски предности.

„Си-Ен-Ен“ објави дека упатени извори веќе се запознаени со прашањето како и оти декларативно веќе постои расположение во Конгресот за отповикување на статусот на Русија.

Во извештајот на „Си-Ен-Ен“ се наведува дека Бајден денеска ќе го објави соопштението, што потоа ќе треба да биде озаконето во Конгресот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски