Оланд за војната во Украина: „Мора да се донесе голема одлука“

Од:

Гостин на радиото Франс Интер, поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, осврнувајќи се на војната во Украина рече дека „мора да се донесе голема одлука“, јави дописникот на МИА.

Франсоа Оланд смета, пред сè, дека „било важно 27-те да се сретнат во Франција, бидејќи Франција е таа која моментално претседава со Европската унија. Во овој контекст, не треба да се донесе само една голема одлука: да се суспендира, да престанат испораките на гас и нафта од Русија, за Европа. Тоа е тежок избор“.

Поранешниот претседател особено се осврнува на земјите од Истокот „кои се 100 отсто зависни“, особено на Германија, за која овој избор е „болен“, „опасен“, но „неопходен“. Се чини дека европската амбиција е да го намалиме нашиот увоз на руски гас за две третини во рок од околу една година.

Според поранешниот претседател, „за Европа е многу важно да се оди подалеку од прилично широките цели кои не се прецизни, земја по земја. Постои таква можност во Европа, кризите често предизвикуваат ваков тип на пресврт, да има нов енергетски модел“. Франсоа Оланд евоцира „целосна промена на моделот“. „Она што е потребно е да не извлечат од зависноста од гас, што значи воведување на обновливите извори на енергија, многу побрзо и поопширно отколку што замислувавме. Ова, исто така, претпоставува дека нуклеарната енергија, без која Германија и Белгија сакаа да ја напуштат, мора да ги задржиме постоечките централи, да ги прошириме.

Тој притоа додава: „Ќе треба да направиме избор, економски, политички и еколошки. Ќе мораме понекогаш да правиме отстапки (…) Тоа е единственото оружје што ни останува како важно. Имаше санкции, таму се испораките на оружје и потоа е политичката изолација на Путин. Третина од приходите во буџетот на Русија се од гас, па од таму ако го прекинеш снабдувањето со гас во Европа (.. .) ја гушиме Русија токму во моментот кога Русија сака да ги задуши украинските градови“.

Во однос на рускиот претседател, Франсоа Оланд смета дека „Владимир Путин го разбира само односот на силите“.

Франсоа Оланд особено реагираше на претстојните претседателски избори во Франција. „Никогаш влогот не бил толку голем“, рече поранешниот претседател. „Одбраната, Европа, енергетскиот модел, куповната моќ, знаејќи каков раст сакаме, никогаш немавме впечаток дека распределбата на напорите, борбата против нееднаквостите во овој момент беа важни за единството на нашата земја“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо