ОЕЦД го суспендира учеството на руски и белоруски претставници

Од:

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објави дека го суспендирала учеството на руски и белоруски претставници во работните тела поради руската инвазија на Украина.

ОЕЦД официјално ги прекина преговорите за членство на Русија на 25 февруари, ден по почетокот на руската инвазија на Украина. Преговорите се замрзнати од 2014 година и руската анексија на Крим. Тие објавија дека „поради општата агресија на Русија против Украина, Советот на ОЕЦД одлучи веднаш да го суспендира учеството на Русија и Белорусија во органите на ОЕЦД“. Советот ќе продолжи да ја следи ситуацијата, се додава во соопштението.

Во исто време, членките на ОЕЦД побараа од генералниот секретар да подготви предлози за дополнителна поддршка за украинската влада, вклучително и помош за закрепнување и реконструкција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија