Руските напади уништија 48 училишта во Харков, соопшти градоначалникот

Од:

Четириесет и осум училишта во Харков се уништени од руските напади, информираше градоначалникот Ихор Терехов во денешното телевизиско интервју.

Како што појасни Терехов, руската војска го става источниот украински град под немилосрдно бомбардирање.

Харков има околу 1.4 милиони жители, а бројот на побегнати цивили не е познат.

Официјални лица во Украина, денеска ги обвинија руските сили и за напад врз психијатриска болница, во регионот на Харков.

Според гувернерот на регионот, Олех Синегубов, 330 лица се наоѓале во болницата за време на нападот, некои од нив биле врзани за колички. Евакуирани биле 73 лица.

Бројот на жртви допрва треба да се утврди, појасни гувернерот.

– Ова е воено злосторство против цивили, геноцид врз украинската нација, додаде Синегубов.

Во меѓувреме, во Днипро, јужно од Харков, најмалку едно лице го изгуби животот при руските воздушни напади, соопштија градските служби за итни случаи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски