Украина: Во војната загинаа 12.000 руски војници

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер денеска објави графика со информации за руската инвазија. Тие посочија колку војници, авиони, тенкови, хеликоптери и цистерни изгубила руската армија.

Според објавените податоци, загинале повеќе од 12.000 руски војници. Украинското министерство наведува дека Русија останала без 58 авиони, 83 хеликоптери, 362 тенкови и 60 цистерни.

Тие тврдат и дека Украинците уништиле седум руски беспилотни летала, 1.205 оклопни борбени возила од различен тип, 135 парчиња артилерија, 62 ракетни системи и 585 возила. Според украинското министерство, Русија изгубила и три брода и 33 противвоздушни системи за време на војната.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски