Речиси милион Украинци без струја

Од:

Повеќе од 954.000 Украинци во моментов немаат струја поради руската инвазија на Украина, соопшти денеска украинската компанија Енергоатом.

„Речиси 228.000 потрошувачи останаа без гас“, соопшти Енергоатом, која управува со нуклеарни реактори лоцирани во четири нуклеарни централи.

Енергоатом претходно соопшти дека повеќе нема да купува руско нуклеарно гориво. Исто така наведе дека сите нуклеарни централи во Украина работат стабилно, но дека вработените во нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од руската армија, трпат психолошки притисок.

Нивото на радијација во сите нуклеарни централи не е променето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски