Кремљ: Инвазијата веднаш ќе престане доколку Украина ги исполни нашите услови

Од:

Русија бара од Украина да престане со воената акција, да го промени својот Устав за да внесе неутралност, да го признае Крим како руска територија и да ја признае независноста на сепаратистичките републики Доњецк и Луганск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков за Ројтерс изјави дека Москва му кажала на Киев дека веднаш ќе ја прекине инвазијата доколку се исполнат условите.

„И кажавме на Украина што бараме“

Тоа е најјасната изјава на Русија досега за тоа што сака да и наметне на Украина за да ја запре инвазијата, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“.

Песков вели дека Украина знае за овие услови и „дека им било кажано дека инвазијата може да се прекине во секој момент“.

Што се однесува до неутралноста, Песков рече дека Русија бара уставни амандмани со кои „Украина ќе ги отфрли целите за приклучување кон кој било блок“.

„Тоа може да се направи само со промена на Уставот“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски