Украинскиот амбасадор во Холандија: Русија не се појави пред судот во Хаг бидејќи сака војна

Од:

Амбасадорот на Украина во Холандија, Антон Кориниевич денеска изјави дека Русија не се појавила пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг бидејќи сака да води војна против неговата земја.

– Фактот дека местата што требаше да ги заземе Русија се празни, доволно покажува, истакна Кориниевич, член на украинската делегација во судот.

– Тие не се тука пред овој суд, тие се на бојното поле, водат агресивна војна против мојата земја. Вака Русија ги решава своите несогласувања, додаде тој.

Русија денеска одби да се појави на отворањето на сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата (МСП) за случајот покренат од Украина, која бара од највисокиот суд на ОН да и наложи на Москва да ја запре инвазијата врз Украина.

– Судот жали што делегацијата на Руската Федерација не се појави на ова рочиште, истакна Џоан Доногју, судијка претседавач на МСП.

Американската судијка изјави дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето се одржа без руската делегација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица