Зеленски: Сите преговори со Русија мора да започнат со примирје

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сите преговори со Русија мора да започнат со прекин на огнот. Покрај тоа, тој го обвини Западот за недоволна вклученост во мировните преговори.

Тој рече дека рускиот и украинскиот преговарачки тим почнале да разговараат за конкретни теми наместо ултиматуми, пренесува Ројтерс.

Тој исто така рече дека некои мали украински градови престанале да постојат како резултат на војната.

Зеленски во својот говор рече дека идните мировни преговори со Русија би можеле да се одржат во Ерусалим. Тој додаде дека Русија може да го заземе Киев само ако „го срамни со земја“, пишува Sky News.

Зеленски: Досега меѓу 500 и 600 руски војници им се предале на украинските сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до медиумите рече дека меѓу 500 и 600 руски војници досега им се предале на украинските сили.

Претходно, Зеленски ги предупреди руските војници дека „не е можно да се окупираат главите и умовите“ на луѓето и дека окупацијата на градовите и населбите ќе биде само „привремена, не засекогаш“.

Зеленски: Досега се убиени околу 1.300 украински војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до медиумите рече дека во првите 17 дена од руската инвазија загинале околу 1.300 украински војници.

Западни извори проценуваат дека во истиот период биле убиени околу 6.000 руски војници, а Русија ја признава загубата на 500 војници.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ