Кулеба: Резервните дизел генератори во нуклеарната централа Чернобил имаат капацитет од 48 часа

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи повика на прекин на огнот за да се овозможи извршување поправки за да се врати снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил.

Државниот електроенергетски оператор на Украина претходно соопшти дека руските сили ја исклучиле нуклеарната централа од мрежата.

„Енергоатом“, украинската државна нуклеарна компанија, предупреди дека ситуацијата може да предзвика ослободување на радиоактивни материи од централата. Тој предупреди во објава на Телеграм: „Ветерот може да го пренесе радиоактивниот облак во други региони на Украина, Белорусија, Русија и Европа“.

Ако ситуацијата продолжи, „сиот персонал таму ќе добие опасна доза на зрачење“, продолжи.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека резервните дизел генератори во нуклеарната централа Чернобил имаат капацитет од 48 часа.

После тоа, системите за ладење на складиштето за потрошено нуклеарно гориво ќе престанат, со што ќе дојде до истекување на радијација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина