ЕУ додава 160 руски олигарси и членови на парламентот на листата санкции

Од:

Европската унија се согласи да додаде 146 членови на Горниот дом на рускиот Парламент и 14 олигарси и роднини поврзани со Кремљ на списокот со санкции поради војната на Москва во Украина, соопштија официјални лица.

„Дополнително ја заоструваме мрежата на санкции како одговор на руската воена агресија против Украина“, објави на Твитер шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Санкциите ќе го опфатат и банкарскиот сектор на Белорусија, извозот на воена поморска технологија во Русија и крипто имот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради