Британија најави уште 100 милиони долари помош за Украина

Од:

Велика Британија ќе и обезбеди на Украина дополнителни 100 милиони долари преку Светската банка за да помогне во ублажување на финансиските притисоци предизвикани од руската инвазија, соопшти вчера кабинетот на премиерот Борис Џонсон.

Британија бара централна улога во меѓународниот одговор на руската инвазија врз Украина преку обезбедување одбранбена воена помош, заговарајќи построги санкции против Кремљ и финансиска поддршка.

Сепак, Владата на Џонсон се соочи со критики дека нејзините санкции се премногу бавни и дека програмата за бегалци е недоволна.

Најновата финансиска помош, покрај веќе ветените 290,95 милиони долари, може да се искористи за плати на работниците од јавниот сектор во Украина или за финансирање на пензии и социјално осигурување, соопштија британските власти.

– Иако само Путин може целосно да стави крај на страдањата во Украина, новите средства ќе продолжат да им помагаат на оние кои се соочуваат со влошена хуманитарна ситуација, истакна Џонсон.

Парите ќе бидат исплатени преку Повеќедонаторски доверителски фонд на Светска банка, кој е наменет за итни донации во Украина, а кој веќе го користат некои други земји.

Лондон ја најави донацијата за Киев во пресрет на пристигнувањето на канадскиот премиер Џастин Трудо и холандскиот колега Марк Руте. Џонсон ќе се обиде да ја искористи нивната посета на Британија за да го зајакне меѓународниот одговор на руската инвазија врз Украина. Тројцата лидери денеска ќе одржат заедничка прес-конференција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски