Британија: Русија се обидува да го намали пристапот до вести на граѓаните во Украина

Од:

Русија најверојатно ги цели телевизиските кули во Украина, со цел да го спречи пристапот до вести на локалното население, соопшти британското Министерство за одбрана, јави ДПА.

„Русија најверојатно ја цели украинската комуникациска инфраструктура, со цел да го намали пристапот на украинските граѓани до веродостојни вести и информации“, информираше денеска Министерството.

Според официјални лица во Украина, телевизиската кула во источниот украински град Харков, беше уништена при руски напад во текот на вчерашниот ден. Најмалку пет лица загинале во сомнителен ракетен напад врз ТВ кулата во Киев во вторникот.

Пристапот до интернет за Украинците, многу веројатно, исто така, е нарушен, како резултат на колатералната штета од руските удари врз инфраструктурата. Изминатата недела, прекини на интернетот се пријавени во Мариупол, Суми, Киев и во Харков, соопшти британското Министерство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски