Русија ја критикуваше забрана на САД за увоз на руска нафта

Од:

Русија ја критикуваше одлуката на САД да воведе општа забрана за увоз на руска сурова нафта и предупреди дека тоа може да има глобални последици.

– Притисокот на американските санкции врз Русија одамна ги премина сите граници на политичка и економска смисла, напиша руската Амбасада во Вашингтон на својата Фејсбук страница. „Како и обично, САД не размислуваат за фактот дека ограничувањата секогаш се меч со две сечила“, соопшти Амбасадата.

Во соопштението се додава дека „очигледно е оти отфрлањето на нашите ресурси ќе доведе до значителни флуктуации на глобалните енергетски пазари“, што негативно ќе влијае врз интересите на компаниите и потрошувачите, пред сè во САД.

Амбасадата нагласува дека „Русија има опции каде да ги пренасочи своите висококвалитетни и конкурентни производи“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии