Кличко: Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија

Од:

Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија, изјави во четвртокот градоначалникот, Виталиј Кличко, додека руските сили се приближуваа до главниот град на Украина.

„Според нашите информации, секој втор жител на Киев го напуштил градот“, изјави тој за украинската телевизија.

„Во моментов, нешто помалку од два милиони луѓе се заминати. Сепак, Киев е претворен во тврдина. Секоја улица, секоја зграда, секој контролен пункт се утврдени“, изјави Кличко.

Според веб-страницата citypopulation.de минатата година во Киев, заедно со поширокиот дел на градот, живееле 3,5 милиони луѓе.

Руските сили со своите оклопни возила веќе се пред североисточниот дел на градот, додека според украинските сили имало тешки борби во текот на ноќта за контрола на главниот автопат кон Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 13-годишно момче

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ