Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на база кај Лавов

Од:

Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се повредени во руски ракетен напад врз воената тренинг база во западна Украина во близина на полската граница, изјави регионалниот гувернер.

„Во 12 часот, речиси сите пожари на територијата на Меѓународниот центар за мир и безбедност се изгаснати, експлозивни техничари и други специјалисти вршат увид на областа, демонтирајќи поголем дел од шутот. Значи, морам да кажам дека, за жал, изгубивме повеќе херои: 35 лица загинаа како резултат на гранатирањето. Други 134 со различен степен на повреди се хоспитализирани“, напиша на социјалните мрежи, гувернерот на регионот Лавов, Максим Козицки.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно изјави дека во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски