Макрон и Шолц ќе разговараат со Си за руско-украинската криза

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се очекува да имаат заеднички разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Разговорот сигнализира зголемен притисок од страна на европските лидери врз Кина во врска со руско-украинскиот конфликт, коментира Би-Би-Си.

Специјалниот пратеник за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел вчера разговараше со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји по втор пат од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Според соопштение после разговорот, Борел побарал од Ванг „подготвеност на Кина да го поддржи прекинот на непријателствата и дијалогот“ и поддршка за воспоставување хуманитарни коридори за безбедно евакуирање на цивилите.

Кина изрази „жалење“ за нападот, но не и се спротивстави на Москва отворено, во согласност со принципите на нејзината надворешна политика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски