Жан-Ив Ле Дриан: Украина ќе победи

Од:

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан е со став дека поради дипломатската изолација на Русија и ефектот од меѓународните санкции, Украина ќе биде победник, јави дописникот на МИА.

-Мислам дека Украина ќе победи…Преземавме значителни серии санкции, чии ефекти се тешки и според мене ќе бидат се потешки, што значи дека цената што треба да се плати за војната ќе стане неподнослива и во одреден момент, претседателот Путин ќе се соочи со изборот да има големи ефекти врз функционирањето на Русија или да ги отвори преговорите.

Сепак, тој предупреди на уништувањето и цивилните жртви што може да ги предизвика опсадата врз големите градови.

– Највпечатлив е силниот отпор на Украина, до точка што експертите не ја замислуваа, објасни тој на ТВ Франс 5

– Мислам дека она што ќе го откриеме во Мариупол кога војната ќе заврши ќе биде ужасно, тука е Одеса, а потоа е Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски