Над 20 илјади противтенковски и противвоздушни ракети досега се испратени на Украина

Од:

САД и други членки на НАТО досега и испратиле на Украина 17.000 противтенковски проектили и 2.000 противвоздушни ракети Стингер, изјави висок американски функционер за Си-Ен-Ен.

Дури и пред да почне руската инвазија на 24 февруари, небото над Европа беше исполнето со воени товарни авиони на САД и други, особено C-17, столбот на американската воздушна флота. Летовите ги репозиционираа војниците долж источното крило на НАТО, но исто така го преместуваа оружјето до местата за пренос каде што може да се достави во Украина. А темпото на летовите само се зголеми.

Откако започна руската инвазија, 14 земји испратија безбедносна помош во Украина, од кои некои ретко испраќаа ваква значителна опрема претходно, изјави претходно за Си-Ен-Ен висок функционер на Министерството за одбрана.

„Огромното мнозинство“ од американскиот пакет за безбедносна помош во вредност од 350 милиони долари, според официјалниот претставник, веќе е доставен до Украина, само една недела откако беше официјално одобрен од Белата куќа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски