УНХЦР: Вториот бран бегалци од Украина ќе бидат поранливи групи

Од:

По првиот бран бегалци од Украина, најверојатно ќе има и втор бран, но со повеќе ранливи групи луѓе, изјави денеска директорот на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди.

„Ако војната продолжи, ќе почнат да пристигнуваат луѓе кои немаат финансиски средства или врски“, рече шефот на УНХЦР.

Тој додаде дека ова ќе биде покомплексна ситуација за Европа и дека ќе биде потребна поголема солидарност од сите во Европа и пошироко.

Гранди објасни дека во првиот бран пристигнале оние кои имале „некои средства и ресурси“, голем број од нив пристигнале со автомобил и имаат врски и познанства и можат да одат во земји каде што имаат семејство, пријатели и нивна заедница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски