Германските АРД и ЗДФ продолжуваат да известуваат од Русија

Од:

Германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ денеска соопштија дека продолжуваат да известуваат од Русија, по пауза за испитување на последиците од строгите нови закони за медиуми во Москва.

„Московските дописници на АРД и ЗДФ ќе известуваат за одлуките на руското раководство, но и за реакциите на граѓанското општество, на пример протести против војната, реакциите на руските елити или конкретното влијание на санкциите врз секојдневниот живот на руските граѓани“, се вели во соопштението на радиодифузерите.

Извор: МИА