Состојбата во Мариупол е алармантна, нов обид за евакуација на жителите

Од:

Продавниците и аптеките се ограбени. Болниците работат само делумно. Луѓе кои се борат за храна или земаат гориво од напуштени автомобили. Зеленчукот исчезнува на „црниот пазар“, а месото никаде го нема. Така, висок функционер на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во опколениот украински град Мариупол ги опиша тешките услови во градот.

– Сите продавници и аптеки беа ограбени пред четири или пет дена. Некои луѓе сè уште имаат храна, но не сум сигурен колку долго ќе потрае, изјави Саша Волков, заменик-шеф на подделегацијата на МКЦК во Мариупол.

Тој изјавата ја испратил во средата преку сателитски телефон од градот, каде комуникацијата со надворешниот свет во најдобар случај е тешко возможна.

– Луѓето се разболуваат од студ и влага. Тие почнаа да се напаѓаат за храна… си ги уништуваат автомобилите едни на други за да наточат бензин. Многумина немаат вода за пиење. Подрумите кои нудат поголема безбедност од гранати и бомби се резервирани за мајки со мали деца, тврди Волков.

МКЦК со седиште во Женева со денови се обидува да организира евакуација на 200.000 луѓе од Мариупол, кој е под опсада на руската армија.

Украина се надева дека денеска ќе биде успешно отворен „хуманитарен коридор“ за цивилите да го напуштат опколениот јужен пристаништен град Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

Напорите да се обезбеди безбеден премин за блокираните жители на Мариупол да си заминат во текот на оваа недела беа неуспешни.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски