Зеленски ги повлекува украинските војници од мировните мисии низ светот

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потпиша указ за повлекување на украинските војници од мировните мисии низ светот со цел да учествуваат во борбите против руските вооружени сили.

– Зеленски одлучи да ги повлече украинските мировници од целиот свет, заедно со опремата, за да ја зајакне украинската армија при одбивањето на руската агресија, се наведува во пораката што Врховната Рада ја објави на својот Телеграм канал

Зеленски во указот наведува дека одлуката ја донел со цел да го заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, јавија украинските медиуми..

Претходно во Украина беше формирана Легија на странци, која вклучува доброволци од различни земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ