Резников: Во руските акции убиени 38 и повредени над 70 деца

Од:

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека во руските воени акции убиени се 38 и повредени над 70 деца, според најновите проценки на жртви и штети.

Во видео обраќање, Резников изјави дека има најмалку 400 цивилни жртви и 800 повредени, иако податоците се нецелосни.

Резников, изјави дека во руските напади се уништени повеќе од 200 украински училишта, 34 болници и 1.500 станбени згради.

Според неговите проценки, околу 10 илјади странски студенти, од Индија, Кина и Персискиот залив, се заробени во борбите.

Резников, тврди дека украинските сили убиле над 11 илјади руски војници.

„Руските освојувачи пукаат врз хуманитарните коридори низ кои се обидуваат да побегнат цивилите“, изјави Резников, без да прецизира каде се случува тоа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија