Бајден, Макрон, Џонсон и Шолц разговараа за Украина

Од:

Лидерите на САД, Германија, Франција и Велика Британија повторно ја повикаа Русија веднаш да ги повлече своите трупи од Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон денеска разговараа преку видео врска.

Шолц по разговорот рече дека „неприфатливата агресија“ против Украина мора да се отфрли „со сите можности што се на располагање“.

– Сега треба да се надеваме дека нашиот јасен став, дека нашите санкции … оставаат впечаток, и дека тоа отвора малку простор за дипломатски напори. Секој ден, секој час е важен. Мораме да го спречиме ова крвопролевање, истакна тој.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт рече дека четворицата лидери се согласиле „оти заштитата на цивилното население мора да има највисок приоритет и дека Русија останува повикана веднаш да го прекине нападот врз Украина, кој е спротивен на меѓународното право, и целосно да ги повлече своите трупи“.

Хебестрејт рече дека разговарале и за понатамошни можности за хуманитарна поддршка и се согласиле дека „секој дипломатски напор за надминување на кризата заслужува поддршка“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор