Украина и Русија пред највисокиот суд на Обединетите нации

Од:

Украина денеска ќе го повика највисокиот суд на Обединетите нации да и наложи на Русија да ја запре инвазијата, тврдејќи дека Москва го оправдува нападот врз основа на погрешно толкување на Конвенцијата за геноцид.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „специјалната воена операција“ на Русија е „неопходна“ за да се заштитат луѓето кои биле изложени на малтретирање и геноцид во источна Украина, мислејќи на оние чиј прв или единствен јазик е рускиот.

На почетокот на судењето Киев ќе ги повика судиите да наложат таканаречени „привремени мерки“ за заштита на Украина.

Тужбата на Украина поднесена до Меѓународниот суд на правдата (МСП) се фокусира на толкувањето на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидот од 1948 година, договор потпишан од двете земји.

Украина во тужбата наведува дека руското тврдење за геноцид не е точно и дека Путин нема правно оправдување за инвазијата.

Минатата недела, извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на научници кои се занимаваат со геноцид соопшти дека Путин „го злоупотребил терминот геноцид“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски