Украина: Во војната загинаa 79 украински деца

Од:

Според наводите на украинското главно обвинителство, речиси 100 деца се повредени откако Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари. 79 од нив загинале.

Оваа бројка не е конечна, велат тие, поради немањето можност за проверка на местата на напад каде се вооружени руските сили. Најголем број жртви во војната досега има во Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житомир.

Досега се оштетени повеќе од 280 образовни институции, од кои девет се целосно уништени. Во Доњецката област се оштетени 110 образовни институции, во регион на Суми – 28, во Киев 17 и повеќе од десет детски здравствени установи.

Канцеларијата на главниот обвинител наведува дека окупаторот за време на војната секојдневно уништувал 17 образовни институции. Како резултат на тоа, околу седум милиони деца не можат да се образуваат поради активните непријателства на територијата на Украина и намерното уништување на таквите институции.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски