Валас: Треба да се забрза процесот за виза за бегалците од Украина

Од:

Велика Британија треба да го забрза процесот за виза за бегалците, кои бегаат од војната во Украина, изјави денеска министерот за одбрана Бен Волас, јави Би-Би-Си.

Тој, за медиумот, појасни дека Владата може и сака да стори повеќе, за да ги поддржи бегалците. Неговиот оддел, додаде Волас, ќе му помогне на Министерството за внатрешни работи да го забрза системот.

Британија им одобри виза на 300 украински бегалци досега, според новата шема, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во процес се 17.700 апликации.

Но, речиси 600 бегалци се заглавени во францускиот град Кале, од кои многумина тврдат дека се одбиени за виза, поради недоволно документација.

Речиси 300 луѓе се одбиени, додека се обидувале да преминат во Велика Британија, наведоа француските власти за британскиот медиум.

На лицата во Кале им било кажано да одат во Париз за да аплицираат за виза.

Според податоците на Обединетите нации, Полска примила 1.028.000 бегалци, Унгарија – 180.000, Молдавија – 83.000, Словачка – 128.000, Романија – 79.000, Русија – 53.000, Белорусија – 406, а над 183.000 лица преминале од овие, во други европски земји, наведува медиумот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски