Конгресот одобри 14 милиони долари итна помош за Украина

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои предлог-закон со кој, меѓу другото, се предвидува 13,6 милиони итна помош за Украина и нејзините европски сојузници.

По неколкунеделни преговори, членовите на Конгресот речиси финализираа милијарди долари хуманитарна и воена помош за Украина, што е многу над барањето на Белата куќа.

„Мислам дека светот мора да реагира и да им помогне на тие бегалци, а ние го одобруваме пакетот, кој мислам дека ќе биде само почеток. Искрено, колку што разбрав, тоа ќе биде пакет од 12 милијарди долари што ќе обезбеди економска, воена и хуманитарна поддршка, но ќе има повеќе“, рече Адам Шиф, демократски претседател на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом.

Се очекува до крајот на оваа недела Конгресот да го усвои владиниот закон за трошење, кој содржи и средства за помош на Украина.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ