ВИДЕО: „Париз под бомби“ за да се сензибилизираат Европејците

Од:

Украинската Врховна рада за да ја поддржи својата молба за затворање на воздушниот простор над Украина, што не може да го добие од западните држави со видео насловено „Париз под бомби“ се обидува да ги сензибилизира Европејците.

Како што јави дописникот на МИА, украинскиот Парламент утрово објави лажно видео на кое се гледаат бомбардирање на европските метрополи.

– Дали познатата Ајфелова кула во Париз или Бранденбуршката порта во Берлин би останале да стојат под бескрајните бомбардирања на руските трупи? се поставува прашањето во видеото објавено на Твитер.

Видеото е објавено со цел да се предизвикаат западните сојузници, кои сè уште одбиваат воспоставување зона на забранети летови, поради страв од предизвикување глобален конфликт.

– Дали мислите дека ова не Ве засега? Денес е Украина, утре ќе биде цела Европа. Русија ништо нема да ја запре, се наведува во твитот на Врховна рада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски