СЗО: Најмалку девет жртви во 16 напади врз здравствени установи во Украина

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека најмалку девет лица биле убиени во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија врз земјата.

– До 7 март, СЗО потврди 16 напади врз здравствени установи во Украина. Овие напади се случија помеѓу 24 февруари и 3 март. Во моментов се истражуваат уште неколку инциденти, информира СЗО на Твитер.

– Овие напади завршија со смрт на најмалку девет лица, а 16 се повредени, додаде Организацијата на ОН нагласувајќи дека најмалку седум од повредените се здравствени работници.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, напиша дека имало неколку напади без да наведе детали, додавајќи дека таквите напади се кршење на меѓународното хуманитарно право.

СЗО не даде информации за сторителите на овие напади, затоа што системот за надзор нема мандат да собира такви информации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко