Британија ги повика ветераните да не се приклучуваат на војната во Украина

Од:

Британскиот министер за ветерани, Лео Дочерти ги повика поранешните бранители да не се приклучуваат на војната во Украина и наместо тоа да им помогнат на Украинците од дома, преку хуманитарни акции и волонтирање.

Негиобиот повик доаѓа во момент на извештаи за ветерани од Британија и други земји кои патуваат во Украина за да се борат. Владата во Лондон советува да не се патува во Украина.

Дочерти им пиша на воените организации барајќи нивна поддршка во напорите да ги спречат ветераните да заминат во Украина. Исто така, се наведува дека Владата не ги поддржува волонтерите кои заминуваат во Украина, бидејќи тоа може да ги доведе во значителен ризик.

– Знаеме дека нелегалната инвазија на Русија со право предизвика силни чувства на поддршка за украинскиот народ. Ветераните секогаш се подготвени кога е потребно, но тие мора да ги насочат своите вештини, искуство и страст во легални патишта на поддршка за Украина и да не се вклучат во конфликтот. Постојат многу начини на кои сите ние можеме да го поддржиме украинскиот народ, вклучително и преку донирање пари во хуманитарни цели, напиша Дочерти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија