Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

Од:

Пет лица се приведени во Манчестер откако биле пронајдени посмртни останки од бебе во двор во куќа во Марш Грин.

Форензичари и полицајци го опколиле имотот со цел да соберат докази за случајот кој ги вознемирил соседите на петте приведени лица.

Имено, полицијата од манчестер неколку дена го набљудувала овој дел од Марш Грин, поради сомнежи и дојави дека се случила непријавена смрт и нелегален погреб. Локалните социјални служби ја контактирале полицијата со своите сомнежи, кои за жал се покажале како реалност.

Сите приведени се во некаква роднинска врска со бебето. Соседите ја опишале ситуацијата како ужасен хорор.

Полицијата најавила на соседите дека ќе го зголеми своето присуство во Марш Грин во следните денови, но и ги уверуваат дека овој инцидент е изолиран и дека не постојат закани кон безбедноста на останатите во реонот.

Би можело да ве интересира

Четиримесечно бебе починало во Богданци, подолг период било на лекување во болница

Во Скопје: Исчезна малолетничка и нејзиното петмесечно бебе

Подобрa e состојбата на бебето најдено во центарот на Велес

A1on

Затворениците во Велика Британија ќе бидат ослободени по отслужување на 40 отсто од казната

Палестинците имаат право на држава вели новиот британски премиер

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски